Големо апсење во Скопје Сити Мол!


Големо апсење спровела полицијата Скопје Сити Мол, објави Пресс 24.

-Според нашите информации, уапсена е цела група изманинци поради измама со доделување на возни редови од Министерството за транспорт и врски. Како што открива нашиот извор, тие си формирале паралелено министерство и си делеле возни редови за линии за што инкасирале поголема сума на пари. За целата постапка изготвувале фалсификувани документи, пишува порталот.

sity mall

Во целиот случај осомничени се 6 лица а тројца се веќе приведени. Нашиот извор открива дка на лице од Струга успеале да му земат 10.000 евра. Функционирале на тој начин што ги лажеле сопствениците на превозни компании дека работат во Министерството за транспорт и врски. Првоосомничениот лажел дека е директор додека втооосомничената дека му е секретарка. Останатите ги изготвувале фалсификуваните документи.

Крајот им го ставиле полициските службеници кои ги фатиле во кафуле во Скопје Сити Мол со обележани пари.

Од полицијата потврдуваат дека спровеле ваква акција но не откриваат многу детали. Нив ги најавуваат во текот на денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1