Да одиш во Охрид, а да не пробаш ѓомлезе (џомлезе, ѓомлезец) е исто како да не си бил во Охрид.
Ама од некои луѓе, каснатото ти се фаќа „за душа“.
Како од овој пријатен човек. Ѓомлезето го меси и пече неговата 25 годишна ќерка (факултетски образована и без работа), и тоа внимателно, цели пет часа. За да биде вкусно и во уста да се топи кога го јадеш, за да ти е вкусно, што би рекле охриѓани „од убо- пубо“.
Едно парче е 25 денари, една тепсија има околу 50 парчиња, па сами пресметајте дали има голема заработка во сето ова.
Но, кога ќе видиш како некои луѓе со чесен труд си го вадат лебот, епа баш ти е ќејф ти е од нив да каснеш ѓомлезе.