Отсега па натаму Google map ќе може да ви овозможи подобро да ги набљудувате местата кој што би сакале да ги видите. Покрај надворешниот дел, Google map сега има опција и можност да ви прикаже да погледнете и внатре во одредени објекти како на пример аеродроми, стадиони и одредени згради.
Ако нешто кое навистина фрустрира на аеродром, тоа е наоѓањето на мапата со информации која ќе ви овозможи брзо наоѓање на терминалот.
Исто е и со фудбалските стадиони. Еден од местата кој што може да се пронајде на Google map е стадионот на Манчестер.
Сепак колку Google map се движи со својот иновациски прогрес и им овозможува на граѓаните да стигнат до посакуваните фотографии, истиот честопати досега беше на мета на напади дека со се поголемата достапност за одредени објекти, во иднина би можел да дојде до точка во која би ја нарушил и приватноста на граѓаните.