Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска попладнево е спроведена во затворот Идризово каде треба да ја отслужи затворската казна од 4 години за случајот „Тенк“, потврдија од МВР.
Врховниот суд во минатата недела на Јанкулоска и ја потврди четиригодишната затворска казна за набавка на луксузниот мерцедес вреден 600.000 евра.По пресудата на Врховниот суд , надлежниот судија издал налог за нејзино спроведување во затворот Идризово.
Јанкулоска за „Тенк“ доби затворска казна од 6 години, но Апелацискиот суд и ја намали казната на 4 години затвор.
На две години затворска казна за предметот „Тенк“ е осуден и поранешниот премиер Никола Груевски.