Изгоре локал на Бит Пазар, за среќа во пожарот нема повредени.
– На 04.05.2018 година околу 08,15 часот во Полициската станица Бит Пазар, В.А. (27) од Скопје, пријавил дека во неговата фурна лоцирана на улицата „Максут Садик“ избувнал пожар при што била изгорена кровната конструкција. Повредени лица нема, стои во соопштението на МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.