Гори куќа во Ново Лисиче – глувци ги изгризале каблите за струја


Чад се рашири над населбата Ново лисиче во Скопје. Според информациите од противпожарната бригада се запалила куќа.

pozar55Причина за пожарот е што глувци ги изгризале каблите од електричната енергија поради што дошло до спој и искрење кои го предизвикале пожарот.

Куќата се наоѓа во непосредна близина на ресторанот Мирко па на социјалните мрежи се рашири информација дека гори токму ресторанот. Сепак командирот на противпожарната бригада Благоја Менковски за МКnews вели дека  не се работи за ресторанот туку куќа до него.

Причинета е материјална штета и пожарот е локализиран.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1