На 70 пожарникари се одидуваа да го изгаснат пожарот кој изби денеска во Зоолошката градина во Лондон, а засега нема информации дали некое животно е повредено.
Пожарот избил во кафулето и продавница во Зоолошката градина, соопшти пожарната служба.
Во нивниото соопштение се додава дека пожарот сега е под контрола, но пожарните служби ќе останат на самото место.
Во ЗОО градината која се наоѓа во Риџентс паркот во центарот на градот се упатени 10 противпожарни возила.
Лондонскиот ЗОО е најстар на светот и датира од 1826, во него има сместено 20.166 животни