Смртта на синчето на српскиот актер – од ова се плаши секој родител


Жика Тодоровиќ и неговата сопруга ги поминуваат најтешките мигови откако вчера го загубија синчето.

Според резултатите од обдукцијата, малиот Дејан кој имаше смао три години, бил болен и пиел антибиотици, тие денови не одел на градинка, а починал откако срцето едноставно му престанало, она од кое се плаши секој родител.

Овие случаи се ретки, велат педијатрите, но во позадина мора да е неоткриена срцева аномалија.

Дејан (3) ќе биде кремиран денеска на Новите гробишта во Белград и положен покрај својот дедо, актерот Бора Тодоровиќ.

Ненадејната на тригодишниот Дејан, син на актерот Срѓан Жика Тодоровиќ и неговата сопруга Ана, ја шокираше јавноста, а обдукцијата на детето покажа дека причина за трагедиајта е т.н. синдром на ненадејна смрт кај децата СИДС.

Имено, малиот Дејан во средата попладне во семејниот стан на Врачар заспал, но повеќе не се разбудил и покрај напорите на мајката Ана. Набрзо стигнала и брзата помош, но за жал лекарите не можеле ништо да направат.

-Заспа и околу 18.30 часот се обидував да го разбудам, но беше потонат во постелината, усните му беа сини, јас се исплашив и вриснав. Се обидов да го разбудам, но безуспешно, раскажува потресно мајката Ана Тодоровиќ.

Актерот Тихомир Арсиќ вели дека смртта секогаш е „туѓа работа“, не на јавноста, туку на семејството и пријателите.

– Како колега, пријател а посебно како родител, може да порачам дека утеха тешко ќе најдат, посебно не во суровото ангажирање на медиумите, на кои ниту смртта на детето ниту која било трагедија не им е света! Не е ова ништо лично против ниту еден медиум. Би сакал сите заедно да ги оставиме да тагуваат во мир. Сите… рече Арсиќ додека писателакта Јелена Бачиќ Алимпиќ потресено изјави дека губењето на дете е најголема трагедија која може да му се случи на едно семејство.

Според исповеста на мајката на детето Ана и маќеата на Жика, Каролина, малиот Дејан бил малку болен и пиел антибиотици, на кои, колку што се знае не бил алергичен.

Денеска во 16 часот детето ќе биде кремирано на Новите гробишта во Белград и положено покрај својот дедо, таткото на Срѓан, славниот актер Бора Тодоровиќ.

Трагедии во семејството, три смртти за три години

Судбината на актерот Жика Тодоровиќ му донесе тешко бреме. Неговиот тригодишен син Дејан заспа во средата и никогаш не се разбуди, меѓутоа Жика пред три години остана и без таткото, актерскиот бард Бора Тодоровиќ кој исто така почина наеднаш. Минатата година во август почина тетката на актерот, големата драмска уметничка Мира Ступица.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1