Гори околу Македонски Брод, владата ја вклучи АРМ, ЦУК бара помош од надвор


Неопходна е Меѓународна помош за справување со пожарот кај Македонски брод.. Ова е заклучокот од состанокот на координативното тело за заштита на шумите од пожари одржано во Центарот за управување со кризи.

Претставници на ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, Македонски шуми – утврдиле дека е неопходно да пристигне странска помош од авиони и хелихоптери за да се спречи ширењето на пожарот.

Кооринативното тело по разгледување на состојбите и можностите на ресурсите и непристапноста на теренот, предлага преку Управувачкиот комитет, Владата на РМ да започне активности за барање меѓународна помош од странство за поддршка од воздух на билатерална основа, се наведува во соопштението од ЦУК.

Пожарот кај Македонски брод и денеска е активен, потврдуваат надлежните.. Спречено е огнот да го уништи селото Требовље но пламените јазици се шират неконтролирано во различни правци..

Од Дирекцијата за заштита и спасување со сомневаат дека ширењето на пожарот намерно се предизвикува.. Директорот Шабан Салиу вели дека вчера се пронајдени докази кои укажуваат оти пожарот е подметнат..

Инаку синоќа со одлука на владата е предвидено во справување со огнената стихија активно да се вклучи и армијата, полицијата пак да го зголеми присуството во подрачјето..

Пожарот кај Македонски брод е активен повеќе од 10 дена.. Според првичните проценки опожарени се близу 400 хектари со борова шума.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1