За 3 и пол денари поевтинуваат бензините и дизелот – одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер – 95 од полноќ се намалува на 57 и пол денари. Еуросупер – 98 ќе се продава за 59 и пол денари за литар, додека Дизелот ќе чини 39 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 4 денари за литар и ќе изнесува 27,50 денари.
Се намалува и малопродажната цена на мазутот за 2,467 ден/кг. Новата цена изнесува 12,857 ден/кг.
Од Регулаторната комисија за енергетика објаснуваат дека падот во цените е резултат на пониската цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели за 19 и пол проценти, како и повисокиот курс на денарот во однос на доларот за 0,143%.