Кинески билкар живеел 256 години – еве што јадел и пиел


Ли Чинг-Јен бил роден во 1677 година, а починал на 6 мај во 1933 година што значи живеел цели 256 години. Тој бил билкар, учител по боречки вештини и тактички советник.

lichingТој тврдел дека е роден во 1736 година, но сепак постојат документирани подтоци кои докажуваат дека е роден во 1677 година и дека живеел 256 години. Доколку би било точно и неговото тврдење тогаш би имал 197 години кога починал, така што и во двата случаја тој го живеел најдолгиот човечки живот во историјата на човештвото, веднаш по него е Французинката Џени Калмент којa живеела 122 години и 164 дена.

Ли Чинг-Јен е роден во местото Ки Јианг Ксиан во кинеската провинција Сичуан. Во 1930 година професорот Ву Чунг-Чие од Ченгу универзитетот открил владини документи на кои имало податоци од 1827 година дека го честитале 150-тиот роденден на Ли Чинг-Јен. Потоа исто така нишол на документи во кои му го честитаат 200-тиот роденден во 1877 година. Неговите соселани раскажуваат дека тој собирал билки по планините уште од десет годишна возраст и исто така учел методи и техники за долговечен живот.

Живеел со специјална диета, консумирал само билки и оризово вино. Така ги преживеал првите 40 години од својот живот, а во 1749 година кога имал 71 години се преселил во Каи Ксиан за да се приклучи на кинеската армија како учител за боречки вештини и како тактички советник.

466px-Li_chingYuen

Некои велат дека починал од природнa смрт, други се сомневаат бидејќи тврдат дека пред да умре им рекол: „Јас напрвив сè, немам што друго да правам на овој свет, сега ќе си одам дома“.

Ли достa голем период од својот живот продавал билки и шумски овошја заедно со другите кинески билкари, тој за своите 256 години бил женет 23 пати и сите свои жени ги надживеал. По неговата смрт генерлот Јанг Сен го истражувал целиот негов живот и според истражувањата напишaл извештај за него кој потоа бил објавен.

По неговата смрт го напишал извештајот наречен „Вистинскиот документ за 250 годишен стар, но среќен човек“, каде што го опишува како човек со добр вид, брз чекор, два метри висок, румен тен на кожата и многу долги нокти. Магазинот Тајм во 1930 година напиша текст со наслов “Tortoise-Pigeon-Dog” во кој го раскажува животот на Ли Чинг-Јен вклучувајќи го и неговиот одговор за тајната за долг живот: „Имај мирен ум, седи како желка, шетај весело како гулб и спиј како куче“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1