Горивата од полноќ ќе се точат по поевтина цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Регулаторите, имајќи ги предвид курсот на денарот во однос на доларот и цената на суровата нафта на светските пазари, одлучија да ја намалат цената на горивата за еден денар.
Според одлуката, Еуросупер БС – 95 од полноќ ќе се точи за цена од 79 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 80,5 денари, Еуродизел БС ќе се продава за 66,5 денари за литар, екстра лесното ќе чини 55,5 денари, а килограм мазут ќе чини 40,675 денари.