Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, на еуросупер БС-98 67,5, а на еуродизел 54,5 денари.
Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати се наведени за 2,03 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,517 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.