Притвор за член на собраниското обезбедување, кој го спасуваше Зијадин Села


Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Абдулфетах Алими, обвинет за непостапување во службата како член на обезбедувањето на Собранието, за време на крвавиот упад во законодавниот дом. Според обвинението Алими ги дал клучевите од собраниските врати.

Тој денеска сам се пријавил во Основниот суд Скопје 1, велат од таму. По распитот кај судијата, Алими со комбе бил пренесен во затворот во Шуто Оризари.

Според видео снимките од крвавите настани, Алими е тој што го спасува пратеникот Зијадин Села од разгневената толпа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1