Горивата поскапуваат за половина денар


Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,06%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.benzin4

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.10.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,795 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 05.10.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,883 ден/кг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1