ВИДЕО: Крвава ноќ во Подгорица, повредени протестанти, полицајци и новинари


Шестмина полицајци и двајца цивили се повредени синоќа за време на демонстрациите во главниот град на Црна Гора  пренесе РИА “Новости”.crna gora protesti-650x396

Полицијата употреби и солзавец  и сила против протестантите.  Во Подгорица се  разгоруваат  протестите за оставка на владата на Мило Ѓукановиќ, кој фактички управува со земјата над 20 години, соопштуваат странските агенции

Според извештаите на полицијата повредени се петмина службеници на органите на прогонот, еден офицер добил тешка телесна повреда, а еден од учесниците во протестот бил удрен со камен во главата, кој бил наменет за полицијата.

Полесни повреди добила  и уредничката  во локалниот телевизиски канал Pink M, откако зградата била нападната  со камења.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1