Познатиот српски актер и комичар Богољуб Митиќ – Ѓоша ненадејано почина утрово. Според информациите, го пронашла неговата ќерка Наталија, мртов во 6 часот.
Ѓоша претходните денови бил настинат и не сакал да оди на лекар на преглед, иако сопругата и пријателите инсистирале, за да не здобие сериозни здравствени компликации поради неговата гојазност.
Како што се дознава, го пронашла ќерка му Наталија и се јавила кај мајка и, па кај пријателот на Ѓоша, Ивица Цветковиќ.
Ѓоша починал во четири часот изутринава од последците од срцев удар. Брзата помош веднаш конастатирала смрт, а на ќерка му и се слошило.
-Синоќа до 23 часот бев со него и се беше во ред. Изутринава добив повик од неговото семејство дека Ѓоша починал. Не знам што да кажам, тешко е. Се се случи ненадејно. Неговата сопруга и ќерките минуваат низ најтешкиот период- рекол неговиот пријател кој се јавил на мобилниот на актерот.