Завчера доцна вечерта околу 23.00 часот, А.Д. (36) од Гостивар пријавила дека нејзиниот 10-годишен син се вратил дома и дека, според неговото кажување, се шетал со другари низ Гостивар и дека од никого не бил насилно задржан.
Малолетникот, истиот ден околу 11.00 часот излегол од домот и десетина часови потоа воопшто не се јавил каде се наоѓа.
Поради тоа околу 21.20 часот неговата мајка А.Д. го пријавила случајот во Полициската станица Гостивар.