Гостивар: Тројца малолетници спасиле давеник од Вардар


Шеесет и седумгодишен гостиварец вчера се обидел да се самоубие фрлајќи се во реката Вардар во Гостивар, а давењето е избегнато откако четири минувачи, од кои тројца малолетници успеале да го извлечат од водата.vardar izlean poplava

Во близина на металниот мост над гостиварската болница, тој се фрлил во реката, но четворицата го забележале и успеале да го извлечат од коритото, по што бил префрлен во болница. По укажаната лекарска помош, мажот е пуштен дома.

Според првичните сознанија на полицијата гостиварецот се соочувал со извесни психички проблеми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1