Гостивар: Возач од Албанија удри 7-годишно дете и побегна


Вчера околу 13.00 часот на регионалниот пат Гостивар – с.Градец се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Пасат“ со албански регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во седумгодишно дете од с.Врапчиште, по што го напуштило местото на настанот.Soobrakajci-policija

Детето било пренесено во УЦ-Гостивар, каде му е укажана лекарска помош и констатирани му се тешки телесни повреди, по што било пуштено на домашно лекување.

Увид извршила екипа од ПС за БПС-Гостивар.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата, како и за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1