Гостиварецот Шкодран Мустафи ја сподели радоста со Меркел


Германскиот репрезентативец Шкодран Мустафи на големо задоволство на бројни фанови на фудбалот, по вчерашната победа на Германија на Светското првенство во фудбал, со пехарот в раце направи легендарно „селфи“ со германската канцеларка Ангела Меркел.

Самиот Шкодран ја поставил фотографијата на својот профил на Фејсбук, која веќе има десетици илјади коментари,  како од познати личности од сите сфери, така и од огромен број Албанци од Македонија.

Skodrn_3_201471414325

Шкодран синоќа не настапи на финалниот натпревар поради повреда, но тоа не го спречи да ја сподели радоста со своите соиграчи, и со цела Германија.

Шкодран Мустафи е роден во германското место Бад Херсфелд како дете на албанско семејство кое  е по потекло од Гостивар. Шкодран е роден на 17 април 1992 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1