НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.Х.(31) и Ќ.Џ. (21) двајцата од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo ,,противправно лишување од слобода“.
Пријавените на 23.06.2016 година, околу 07,30 часот во шумскиот појас во атарот на село Врањовце-гостиварско, противправно лишиле од слобода две малолетни лица на возраст од 15 и 16 години, на тој начин што едниот малолетник од страна на Ќ.Х. бил врзан со јаже, а другиот малолетник бил држен со раце од страна на Ќ.Џ. со што им била одземена и ограничена слободата на движење, а како причина биле обвинувањата од страна на сторителите дека малолетниците им ги украле нивните коњи.
Исто така на малолетниците им биле упатувани закани по живот.