ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 јајце
* 3 лажици масло
* 4 лажици шеќер
* 2 лажици какао
* 3 лажици брашно
* 3 лажици млеко
* 3 лажици издробено чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во подлабока чаша (која смее да се загрева во микробранова печка) полека истурете една по една состојка и мешајте со жица или миксер, додека не добиете компактна смеса.
Микробрановата уклучете ја на средна температура и оставете чашата додека смесата не порасне – околу две минути.
Служете топло или откако ќе се излади, со шлаг, топка сладолед, карамел сируп чоколаден прелив или цимет.
Боза.мк