Сендвичарниците Чичко Стоилко, Нино и уште два објекти се отстранети од локациите каде функционираа години наназад.
„Отстранувањето на сендвичарниците Чичко Стоилко, Нино и уште два објекти е законска обврска на општината која постапува по донесеното решение, а на барање на ЕВН за поставување на нова барокна фасада на зградата. Сопствениците претходно ги добија писмените решенија за отстранување на нивните времени објекти”, информираат од Општина Центар, пренесува Макфакс.
Најава за нивно отстранување имаше уште пред неколку години, поради уредување на просторот со околината која е главно во духот на проектот Скопје 2014