Многумина веруваат дека говорот за медиумите и тајните организации кој американскиот претседател Џон Кенеди го одржал на 27-ми април 1961-ва година во познатиот хотел „Асторија“ во Њујорк, го платил со својот живот.
Две години после овој говор во кој американскиот претседател ги нападнал медиумите, уредниците и новинарите, но и открил кој владее со светот, бил извршен атентатот. Тоа беше на 22-ри ноември во Далас. Додека со претседателската лимузина го обиколуваше градот, три куршуми беа испукани кон Кенеди. Два го погодија и тоа беше доволно американскиот претседател да почине набрзо потоа.
Неколку часа после атентатот на Кенеди, беше уапсен Ли Харви Освалд по што беше поднесено обвинение за убиство на американскиот претседател. Освалд тврдеше дека не е виновен, но немаше шанса да го докаже тоа затоа што два дена подоцна беше убиен од Џек Руби, сопственик на клуб поврзан со организиран криминал.
Кенеди во тоа свое познато обраќање открил некои работи кои што се случуваат „зад кулисите“. На почетокот од својот говор, тој објаснил како функционираат медиумите и открил многу „интересни“ работи.
„Самиот збор тајност е спротивност на слободното и отворено општество. И ние како луѓе, по својата природа сме спротиставени на тајните организации, завети, тајните процедури. Одамна одлучивме дека опасноста од прекумерното и неовластено криење на одредени документи ја надминува опасноста ја што на стартот довела до такви мерки“, рекол Кенеди во далечната 1961-ва година.
„Тука е и смртната опасност од ситуацијата дека потребата за зголемена безбедност ќе биде злоупотребена од оние кои што нетрпеливо чекаат да ја зголемат до самата граница на цензура и прикривање. Тоа е нешто што јас немам намера да го дозволам“, рекол Кенеди и според многумина, две години подоцна, токму поради овие зборови бил убиен.
„Барам од секој издавач, уредник и новинар да ги преиспита своите стандарди и да ја препознае природата на опасноста која што е над нас“, рекол американскиот претседател.
„На глобален план сме спротиставени на монолитна и безобзирен заговор кој првенствено почива на прикриената намера да ја прошири својата сфера на влијание – на инфилтрација наместо инвазија, на субверзија наместо избор, на застрашување наместо слобода на избор, на герила во ноќта наместо војници на бел ден… тоа е систем кој врбува огромни материјални и човечки ресурси и создава конструкција на тесно поврзана ефикасна машина која ги обединува економските, воените, дипломатските, научните и политичките операции“.
„Нивните подготовки се тајни, а не јавни. Нивните грешки се сокриени, не можете да ги најдете на насловните страници. Тие кои што не се согласуваат со нив се замолчени, а не пофалени. Нема гласини, не се зборува за трошоци, ниту една тајна не се открива“, рекол Кенеди.
Всушност, после Џон Ф. Кенеди целата династија Кенеди била скршена. Нивниот семеен албум бил обоен во црно. После Џон, убиен бил и неговиот помлад брат Роберт, американски сенатор кој се кандидирал за претседател и тоа во екот на кампањата во 1968-ма година. Несреќната судбина ги снашла и неговите синови. Џо доживеал сообраќајна несреќа во која неговата сопатничка останала парализирана.
Другиот син на Роберт, Мајкл починал на 39 години откако удрил во стебло на скијачка патека во Аспен. Дејвид Ентони бил голем зависник од дрога од која што не успеал да се излечи, се предозирал и починал на 28 години.
Многу ветувал и синот на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди помладиот. Примерен млад човек, кој бил зависник од адреналин, па настрадал во воздухопловна несреќа заедно со својата сопруга Лорен Гејл Басет.
Единствениот преостанат Кенеди, третиот брат Едвард починал во 2009-та година. После атентатите на Џон и Роберт, тој добивал смртни закани, а тоа се дознало откако ФБИ објавија тајни документи. Во април 1969-та годин тој рекол: „Го убија Џон, го убија Боби, а сега сакаат да ме убијат и мене“.