Граѓаните кои се вакцинирале во странство, а сакаат ревакцинација тука имаат рок од една недела за да се пријават онлајн


Пуштена во употреба веб-страница (https://vakcinacija.mk/revaccination) на која може да се пријават граѓаните кои прва доза од вакцината примиле во странство, а сакаат да се ревакцинираат во земјата, информираше Министерството за здравство.

Граѓаните може да се пријават од денеска (29 мај) до 6 јуни 2021.

Меѓутоа, ова не важи за граѓаните под 60 години кои во странство се вакцинирале со „Астра Зенека“ бидејќи македонските власти имаат одлука со оваа вакцина да не ги вакцинираат помладите од 60 години.

Повикот за регистрација Министерството го објавува со цел да види дали ќе има вакцини на располагање во периодот кога е закажана ревакцинацијата за да може овие граѓани да ја примаат втората доза тука.

„Преку регистрацијата на граѓаните ќе може да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количините и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можевме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат“,
велат од Министерството за здравство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1