Граѓанските организации бараат кривична одговорност за хаосот со отровната течност во „Охис“


Како е возможно да е „мал инцидент“ ситуацијата во „Охис“, а луѓето се гушат два дена? Зошто ако не е „хаварија“ армијата беше внатре и зошто надлежните дури денеска излегоа пред камерите да објаснат, а не веднаш? Некој треба кривично да одговара велат од коалицијата „О2“.

Невена Георгиевска од „О2“ иницијатива во гостување на Алфа, рече дека мора да се понесе одговорност со оглед на сериозноста на ваквата хаварија.

Во вонредното студио синоќа посветено на случајот во „Охис“ се јави жена, поранешна вработена во Охис која сакаше да остане анонимна. Кажа една информација на која надлежните итно мора да одговорат.

А за колку опасна материја станува збор за Алфа објасни и поранешниот директор на клиниката за токсикологија, Андон Чибишев. Тој потврди дека станува збор за доста отровна и штетна материја, која предизвикувала печење на очите и низа проблеми кои му штетат на човечкиот организам. Бара од надлежните веднаш да реагираат и да не оставаат се на случајност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1