ГРАБЕЖ ВО БАНКА: Алфите го изрешетале возилото на крадците (ФОТО)


Две вооружени лица, попладнево извршиле грабеж во експозитура на Стопанска банка во Ѓорче Петров. Според досегашните информации, полицијата веднаш им влегла во траг на крадците. Вистинска бркотница проследена со пуктоници се случувала од населбата Ѓорче Петров до Влае

Полициската единица Алфи употребила огнено оружје, односно било пукано директно во возилото на крадците кое се движело со голема брзина по булеварот „Партизански одреди“ Кај мостот Влајко во скопската населба Влае било пресретнато возилото

vlae policija

Фото – Фејсбук

Според очевидци полицијата го изрешетала возилото со кое бегале крадците.

Осомничениот за грабежот  во Влае е повреден и пренесен во полиција, тврдат очевидци. Според нив нешто по 14 часот имало пукотница на булеварот „Партизански одреди“, во непосредна близина на училиштето Димо Хаџи Димов“. Откако имало обид да биде ограбена „Стопанска банка“, специјалните единици презеле акција за приведување на сторителите.

Бблокиран е булеварот кај новата бензинска пумпа кај автобуската станица број 8 во Влае. Возило марка „цитроен“ е опколено со полициски ленти. Се претпоствува дека се работи за возлото со кое разбојникот ја ограбил банката.

Од МВР сѐ уште не излегуваат со детали за акцијата. Од Ургентниот центар на клиничкиот центар во Скопје пак, потврдуваат дека примиле едно рането лице. Според информациите добиени од таму, лицето не е во животна опасност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1