Грабеж во банка во Скопје, парите место во банкомат си ги земале вработени


Стотици илјади евра фалат од трезорот на банка во Скопје, објави ТВ Алфа. Според телевизијата, информацијата им ја потврдиле и од МВР.

bankСпоред Алфа, „парите најверојатно ги земале  тројца вработени во банката, двајца трезористи и еден одговорен за безбедноста на парите. Осомничените место да ги полнат банкоматите, парите ги задржувале за себе, а заведувале дека се во банкоматите. Се претпоставува дека откако им успеал првиот обид, извлекувањето на парите зачестило“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1