Грабнале 6 годишно девојче – полицијата трага по биолошките родители (ФОТО)


По добиена информација и по полициската истрага било утврдено дека невенчаниот пар, кај кои е пронајдено девојчето, не се нејзините биолошки родители, пренесува Канал 5.devojce-640x501

Се вика Николета или Тато има околу 6 години и живеела со маж и жена Роми во ромска населба во близина на грчкиот град Лариса. По добиена информација и по полициската истрага било утврдено дека невенчаниот пар, не се нејзините биолошки родители. 41 и 42 годишните Роми биле уапсени, а полицијата преку соопштение и објавена фотографија од девојчето бара помош од граѓаните. За малечката Николета или Тато како што ја викаат не постојат никакви податоци. Ниту како се нашла во ромската населба, ниту кои се нејзините биолошки родители. Зборува ромски и малку грчки, што веројатно покажува дека девојчето подолго време живеело со парот. Ромите, кои се уапсени и ќе одговараат, меѓу другото и за киднапирање на малолетно лице, воопшто не соработувале со полицијата. Најпрво рекле дека девојчето е нивно, потоа дека е ќерка на братот на жената, а потоа не дале никаква нова информација.

Откако до полицајците во Лариса стигнала информацијата дека во ромска населба постои случај со девојче кое живее со луѓе што не се нејзини родители, бил направен претрес на станот, а биле пронајдени 29 грама хашиш, остатоци од кокаин, но и еден 34 годишен по кои трагала полицијата. При обидот за апсење избегал со укредено возило, но кусо подоцна бил пронајден. Невенчаниот пар и нивниот пријател ќе одговараат за киднапирање на малолетно лице, за кражби и за поседување дрога.

Девојчето пак, е во добра здравствена, се наоѓа во болницата во Лариса, а полицијата е во потрага по биолошките родители.

Со оглед на тоа дека во Грција не е пријавено исчезнато девојче, постојат сомневања дека случајот со Николета, може да е сличен со оној од пред 3 години со малата Марија, па девојчето да е донесено од Бугарија.grcija-mekkejn-kid-01

Во ноември 2013 во ромска населба беше пронајдено русокосо девојче кое не само што немаше никаква сличност со луѓето кои тврдеа дека се нејзини родители, туку и ДНК анализите го потврдија тоа. По извесно време, во Бугарија, беа пронајдени биолошките родители, на тогаш 4 годишната Марија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1