Град без гробишта, затвори и болници (Фото)


Порано овој град бил пустина во која едиствени жители биле фармерите, рисовите и којотите.

Денес ова е единствениот град во кој во затвор можете да добиете маникир и педикир бидејќи локалните власти вовеле услуга “pay to stay” која нуди надградување на затворските ќелии и тоа по примерот на хотелите.

sad1Некогашниот шпански ранч каде се одгледувал грав, во 1990 година собрал група на инвеститори кои биле во потрага по нафта и тоа на чело со магнатот Бартон Грин. Бидејќи единственото кое го нашле било вода, решиле да изградат елитна резиденцијална енклава која ќе добие статус на град.

Годинава овој град го слави својот 100-ти роденден.

Станува збор за Беверли Хилс кој денес е најгламурозниот град во Калифорнија, или попознато како светското седиште на богатите и славните.

sad3

Ветровитите улици и дрворедите на широките булевари кои се дело на британскиот архитект Џон Л. Ривс се покажаа како одличен магнет за богаташите кои набрзо го населило Беверли Хилс за да денес е омилената дестинација за живеење на холивудските актери, режисери, пејачи, дипломати, директори…

sad

Градот се развивал благодарение на својот гламурозен стил а во 1912 година бил отворен и хотелот Беверли Хилс кој  набрзо станал омилена дестинација на холивудските ѕвезди како Мерлин Монро, Елизабет Тејлор, Џон Вејн …

Поради својата уникатна боја, хотелот е познат и како “Pink Palace” а денес е сеуште меѓу омилените места на Мадона, Викторија Бекам, Кејти Пери и Бијонсе.

sad2

Затворите како луксузни хотели

Беверли Хилс е единствениот град во светот каде во затвор можете да добиете и маникир и педикир. Локалните власти во затворскиот систем воведоа услуга “pay to stay” која нуди надградување на затворските ќелии и тоа по примерот на хотелите. Богатите “клиенти” на располагање имаат услуги како 3D телевизори па се до достава на храна од најлускузните ресторани.

Ако најголемиот злочин во Беверли Хилс е да се разболиш и умреш, тогаш не е ни чудо што овој град нема ниту една болница, а ни гробишта. Неговата екцентричност освен во светските медиуми, беше главна тема и во многу филмови како што се “The Beverly Hillbillies”, “Beverly Hills 90210”, “The Real Housewives of Beverly Hills” како и многу други.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1