Норвешкиот град Рјукан до неодамна беше идеално место за вампири, затоа што таму Сонцето буквално не светеше!
Имено, во индустриското гратче, окружено со ридови, од септември до март нема никаква сончева светлост.
Сепак, по проектот вреден 600.000 евра, и граѓаните на овој град ќе можат да уживаат во сончевите зраци во текот на есента и зимата.
Со помош на огромните огледала кои се поставени на врвот на ридот, од повеќе страни, центарот на градот е осветлен со природно светло.
Огромните огледала се поставени на 450 метри висина над градот, го следат Сонцето и ја рефлектираат светлоста врз градот во долината, поточно во неговиот центар.