Град Скопје ја укина наградата во кампањата „Скопје дома“


По само три дена од кампањата „Скопје дома“, поради низата лоши коментари, Град Скопје реши да ја укине паричната наградата од 100 евра која требаше да ја доделува секој ден за една најкреативна фотографија направена дома.

Инаку, ваквата одлука од градските власти се поклопува и со денешното доделување кое предизвика многу негативни реакции на социјалните мрежи бидејќи денешниот победник на наградата беше Петар Прентовиќ, син на пратеничката од СДСМ во последниот парламентарен состав, Татјана Прентовиќ.

Претходните два дена, пак, награди на конкурсот добија Лариса Митиќ и Јехона Спахиу.

-Градот ја организираше кампањата на социјалните медиуми за поддршка на мерките на Министерството за здравство за повикување и охрабрување на граѓаните на главниот град да го поминуваат времето во своите домови. Поради појавените негативни коментари и немањето потреба оваа кампања да предизвикува контроверзии во јавноста, решивме од денеска да ја укинеме паричната награда на конкурсот, велат од Град Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1