Најмалку осум лица загинаа во Мјанмар во силното невреме, во кое паѓаше град со големина на топчиња за голф, а оштетени се илјадници куќи, соопштија денеска локалните власти.
Големо невреме погоди пет сојузни држави на Мјанмар во петокот и вчера по повеќенеделните горештини, во кои температурата практично не се спушташе под 40 степени Целзиусови.
– Засега знаеме дека во невремето изминатите денови загинале осум лица, додека 7.500 куќи се оштетени, изјави директорот на Министерството за социјални прашања Фиу Леи Леи Тун, предупредувајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.