Град во кои сите луѓе живеат во една зграда: Мора да се дома кога ќе се стемни, или… (Видео)


Градот Витиер на Аљаска е мал град со околу 200 жители кои, скоро сите, живеат во иста зграда.

Се работи за една мала заедница, каде сите соседи практично се дел од семејство.

Сите жители живеат во зградата Behih, која е изградена далечната 1956 година. На почетокот служела за сместување на војници, но денеска ова е регуларна стамбена зграда со поштенски број, полициска станица, црква, игралиште, продавници и амбуланта.ceo-grad-u-zgradi-foto-printskrin-1425572659-622676

Ерика Томпсон е учителка во тамошното основно училиште. На неа и требаат само 5 минути за да стигне на работа, а тоа време не зависи од гужвата во сообраќајот, туку од лифтот кој ја пренесува од станот до училницата.

– Целиот мој живот е во една зграда, но тоа не го намалува неговиот квалитет, објаснила учителката.ceo-grad-u-zgradi-foto-printskrin-1425572659-622678

Доколку сакате да го посетите овој град, тоа е можно само ако поминете низ тунел долг четири километри, чии врати се отвараат на секои половина час. Меѓутоа, навечер се се менува.

Имено, кога ќе падне мрак, не можете ниту да влезете, ниту да излезете од градот, затоа што вратите од тунелот се затворени.

Погледнете го видеото:

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1