Синоќа при изградба на станбена зграда во Гостивар откопани се човечки коски. Полицијата го обезбедува местото и се чекаат соодветни стручни кадри кои ќе извршат вештачење.
Според СВР Тетово, случајот во гостиварската полициска станица синоќа го пријавил сопственикот на фирмата инвеститор на објект во градба на улицата „Илинденска“.Веднаш бил информиран и истражен судија, но заради мрак увидот е одложен за денеска. Во меѓувреме, полицијата го обезбедува местото за да се изврши целосен увид.