Градежните гиганти француска Bouygues и германски Vamed во трка за изградба на Клинички центар


Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во интервју за Фактор изјави дека градежните гиганти кои влегоа во втората фаза од процесот за избор на фирма што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје се две компании германската Vamed и француската Bouygues construction.

„Процедурата е во фаза на конкурентен дијалог. Има три фази, фазата на евалуација заврши, останаа две компании германската Vamed и француската Bouygues construction, коишто сега влегуваат во фаза на дијалог. Не е започнат затоа што уште трае рокот за жалби од претходната фаза. Засега нема жалба и за време на дијалогот се оди кон финалниот драфт на договорот кој ќе се тендерира. Значи преку дијалог со дискусија и разговор за она што ние го бараме од физибилити студијата од тие искусни компании, ние го дизајнираме тој договор кој ќе биде предмет на тендерирање. И тоа е третата фаза. Согласно сегашната динамика и динамиката на Министерство за финансии со преговорите со финансиерите мислам дека имаме шанси да завршиме оваа година или на почетокот на следната“, потенцираше министерот Филипче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1