Од Министерството за труд и социјала велат дека никој нема да ги принуди родителите да ја купат храната од градинките, односно треба да направат процена колку време имаат во текот на денот што треба да го одвојат за готвење, т.е. за правилна исхрана на детето. Тогаш ќе знаат дали им е поисплатливо да ја купат храната од градинките или сами да ја приготвуваат
Дневен оброк ќе може да се купи за 50 денариНОВИНА ВО УСТАНОВИТЕ ШТО ЗГРИЖУВААТ ДЕЦА
Ќе се приготвува дополнителна храна во градинките што родителите чии деца престојуваат во тие установи ќе можат да ја купат и дома да ја сервираат за ручек. Така, децата нема да чекаат ручекот допрва да се приготвува, туку ќе можат веднаш да се нахранат. Оваа идеја поминала во форма на заклучок на некоја од претходните владини седници, а надлежните од Министерството за труд и социјална политика веднаш подготвиле анкетни листови, кои воспитувачите и негувателите ќе треба да ги поделат меѓу родителите. На тој начин надлежните ќе се информираат колку родителите се заинтересирани да ја купуваат храната од институциите за предучилишна возраст.
– Никој не ги принудува родителите да ја купуваат храната од градинките. Тоа ќе го прават доброволно. Ќе направат процена колку време имаат во текот на денот што треба да го одвојат за готвење, односно за правилна исхрана на детето. Тогаш ќе знаат дали им е поисплатливо да ја купат храната од градинките или сами да ја приготвуваат – објаснуваат од Министерството за труд и социјала.
Во наредниот период родителите треба преку анкетните листови да се изјаснат, а потоа во рок од 75 дена градинките ќе треба да го реализираат новиот проект.
Во голем број скопски градинки менито со јадења за цела недела е изложено на огласните табли или на влезот во овие установи. Така родителите имаат увид што јадат нивните деца во текот на денот. На менито стои потпис од медицинска сестра, нутриционист и од директорот на одредена градинка.
Целата сторија на Нова Македонија