Најбизарни имиња во 2013 – Си ги крстиле децата Телефон, Супермен и Сирење


Во изминатава година се родиле и деца што ги добиле имињата Фрик (чудак), Бат (задник), Попи (афион), Машрум (печурка) и Селфи (самослик)

Фоун (телефон), Чиз (сирење) и Хотдог се дел од најнеобичните имиња што им биле дадени на бебиња во изминатава година. Листата вообичаено секоја година ја составува веб-страницата за родители „BabyCenter.com“.

maxresdefault[1]На листата на најчудни имиња се најдоа и Супермен, Хотдог, Фрик (чудак), Бат (задник), Попи (афион), Машрум (печурка) и Селфи (самослик). Исто така, регистрирани се многу варијанти на Бијонсе и уште многу нејасни имиња.

„Беби центар“ ги издвои како специфични и Блип (остар звук), Фери (самовила), Киви за девојчиња и Ајакс, Беобао, Дениш (дански), Иџипт (Египет), Џаг, Рокит (ракета) за момчиња.

Од Мајли Сајрус до Волтер Вајт, поп-културата не понуди многу квалитет годинава. Сепак, не е реткост родителите да им даваат имиња на своите деца според ликови од популарни серии и телевизиски шоуа, како и по популарни музичари. Меѓу најпопуларните детски имиња во оваа категорија се имиња според ликовите од „Брејкинг бед“ – Волтер, Џеси, Скајлер, Хенк, Тод и Холи.

Џексон и Софија, пак, се на врвот на листата на најпопуларни имиња годинава. Џексон првпат се најде на врвот од листата на машки имиња, додека Софија веќе четврта година е водач меѓу женските.
Имајте на ум, ова се деца на иднината. За 50 години можеби ќе имаме претседател по име Киви и, малку порано, интернационална модна икона Чиз.

Најдобриот дел од извештајот на „Беби центар“ е што има база на податоци што дозволува да ги пребарате сите можни имиња што се дадени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1