Украдени и познатите златни обетки кои ги красат банкнотите од 500 и 1.000 денари


Артефактите кои се од непроценлива вредност, а кои ги красат и македонските банкноти од 500 и од 1.000 денари се меѓу исчезнатите предмети од Музејот на Македонија, дознава „Дневник“.

Станува збор за исклучително важни предмети кои немаат само археолошка вредност, туку и голема културно-историска важност за земјата со оглед на фактот дека биле издвоени како предмети да бидат поставени на аверсот и на реверсот на македонските банкноти.

1000 denariНе е познато каде се наоѓаат овие артефакти, дали се во Македонија или се продадени и прошверцувани надвор од земјава со оглед на фактот дека не се знае кој и кога ги зел предметите од Музејот.

Станува збор за златна обетка со приказ на Ерос и Амор, златна обетка со приказ на гулабица (прикажана на аверсот и на реверсот на банкнотата од 1.000 денари), златна обетка со приказ на лавовска глава и нецелосна златна обетка со чунеста форма, украсена со гранулации и палмети на која од горната страна има сфинга која седи (прикажана на аверсот и на реверсот на банкнотата од 500 денари). Последниот предмет потекнува од ископување од 1964 година од локалитетот познат како Црквиште во битолското село Беранци.

500 denari

Огромен број артефакти кои никаде не биле евидентирани, не се знае нивното потекло, а ниту вредност, биле пронајдени во канцеларии и во други простории на вработени во Музејот. Ова го утврдиле истражните органи при контролата на Музејот за да се открие кога и каде исчезнале артефактите. Тие биле изненадени кога предметите наместо до депото ги забележале на полиците и на бироата на дел од вработените и на други несоодветни места.

Неколку илјади археолошки предмети што никаде не се заведени, односно не се фотографирани и соодветно евидентирани биле пронајдени во музејското депо и во други делови од Музејот, дознаваме од извори од истрагата. Не е познато од кој археолошки локалитет потекнуваат овие предмети бидејќи не биле соодветно документирани како што налагале процедурите. Од разговорите со вработените истражните органи дознале дека во Музејот има цели кутии со предмети на кои не им се знаело потеклото.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1