Градоначалник барал ќерката на Путин да се протера од Холандија


Питер Броертјес кој е градоначалник на холандскиот град Хилверсум, вчера побарал ќерката на Владимир Путин, Марија да се депортира од таа земја.

slike_svet_6_vladimir_putin1_939301746Марија живее во Холандија заедно со својот дечко.

Броертјес подоцна на Твитер се извинал за дадената изјава, па напишал дека тоа не било мудро од негова страна и додал дека тоа било само одраз на немоќ и безпомошност.

Холандските медиуми најавуваат дека Украинците кои живеат таму повикале на мирни протести пред зградата каде што живее Марија.

Инаку за ќерките на Путин многу малку се знае, а нема никакви фотографии од нив и тие живеат далеку од очите на јавноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1