Градоначалник гаѓал новинар со диктафон (Видео)


0066007.73Градоначалникот на Требиње Славко Вучуревиќ, во петокот на прес конференција за медиумите со диктафон го гаѓал новинарот на БН Телевизија и соработникот на порталот „Бука“, Небојша Вукановиќ.
Вучуревиќ тоа го сторил откако Вукановиќ го поставил диктафонот на местото резервирано за оваа намена.
Нападот на Небојша Вукановиќ се претвори во директна навреда од страна на градоначалникот, а понижените новинари биле подготвени да ја напуштат конференцијата.
Градоначалникот не штедел зборови за другите новинари, а во повеќе наврати викал, па новинарите му предложија нормално да зборува и да престане со нападите на новинарите. Вучаревиќ изјавил дека е роден на село и дека викањето му станало во навика.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1