Градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски на својот Фејсбук профил синоќа соопшти дека е позитивен на Ковид-19.
– И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање на КОВИД-19 и истиот е позитивен, напиша Смилевски.
Затоа, додава, уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни.
– Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција, пишува Смилевски на ФБ.