Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски го враќа орденот на Каракачанов


22 Октомври 2017-ТА, Македонија и Бугарија за прв пат заеднички ја чествуваат и Битката кај Страцин. Само неколку месеци по потпишувањето на договорот за добрососедство овој датум се издвојува како еден од многуте кој ги спојува двата народи. Една година подоцна градоначалинкот на Куманово добива и орден за 100 годишнината од првата светска војна лично потпишан од бугарскиот вицепремиер Каракачанов. Но по неговите последни изјави, Димитриевски вели дека овој орден денеска за него нема значење.

Димитриевски очекува Македонија да излезе како победник од спорот со Бугарија и покрај секојдневните закани кои доаѓаат оттаму за вето на стартот на преговорите.

Оваа година Димитриевски вели дека за прв пат не бил поканет на заедничкото одбележување на битката кај Страниц која ја организираат македонски и бугарски ветерани, откако во 2018 та реагирал на националистичкиот говор кој го одржал член на бугарскиот архив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1