Градоначлникот Бакрачевски призна: Скапо е во Охрид


Локалниот економски совет на Охрид вчера ја одржа првата работна седница, на која се расправаше за активностите што ќе треба да се преземат за подобрување на имиџот на Охрид, најмногу во насока на намалување на цените на туристичките услуги за кои се смета дека се високи и неконкурентни во споредба со останатите туристички дестинации во регионот, јавува Вечер. Градоначалникот на Охрид Никола, Никола Бакрачески со став дека цените на услугите во градот навистина се високи, како и оти на градот му недостасуваат добро осмислени пакет-аранжмани, пишува Прес24.

bakraceski ohrid– Имиџот на Охрид во моментов е многу лош. Јавноста и потенцијалните туристи сметаат дека цените на угостителските услуги се превисоки и ние мораме да го прифатиме предизвикот и да преземеме мерки и активности за подигнување на имиџот – изјави Бакрачески.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, кој е и член на Локалниот економски совет – Совет на градски татковци со сличен став дека Охрид се уште нема изградена конкретна туристичка понуда. Тој оцени дека охридските туристички работници како се уште да не можат да се носат со конкурентноста на соседните земји – Албанија, Бугарија, Грција, но како примарна активност во насока на подобрување на понудата го посочи решавањето на инфраструктурните проблеми.
– Охрид мора да се поврзе од сите страни, да се искористи положбата што се наоѓа во близина на две други соседни држави со што ќе се зголеми конкурентноста на услугите, а тоа ќе доведе до намалување на цените во угостителството и зголемување на нашата конкурентност – рече Азески притоа посочувајќи го примерот на Хрватска каде приходите од сферата на туризмот по изградбата на современите автопатишта е зголемена за четири пати.

Во тој контекст, градоначалникот Бакрачески нагласи дека во тек се подготвителни активности за реализација на проектите за изградба на автопатот од Гостивар до Кичево и магистралниот пат Охрид – Св. Наум, како и оти во тек се интензивни преговори со нискобуџетна авио-компанија што би вовела директни летови до Охрид, а што би биле субвенционирани и од локалните самоуправи од Охрид и Струга.

Локалниот економски совет – Советот на градски татковци составен од експерти од повеќе области, актуелни вршители на јавни функции, угледни бизнисмени, академици, на денешната седница покрај цените во угостителството расправаа и за физибилити студијата за изградба на скијачки центар на Галичица, начините за финансиска поддршка на Охридскиот пливачки маратон како најголема меѓународна спортска манифестација во земјата, прашање поврзани со иницијатива за возобновување на Светиклиментовиот униеверзитет, како и за индивидуалните визии на членовите на Советот насочени кон развој на Охрид.

Press24

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1