Градот ќе ги плаќа погребите на самците што се социјални случаи


На една од последните седници на советот на градот советниците донесоа одлука со која за сите приматели на социјална помош што немаат брачен другар или друг вид наследници трошоците за извршување погреб ќе паднат на товар на општините, односно градот. Според таа одлука, сите општини во градот што во своја надлежност имаат гробишта, кои не спаѓаат под АД „Бутел“, отсега ќе треба да одвојуваат средства со кои на лицата од посочените категории ќе им се обезбеди достоен погреб.

grobista tetovoСпоред одлуката, за лицата што пак ќе треба да бидат погребани во гробиштата што спаѓаат под АД „Бутел“, односно во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, трошокот за погреб ќе биде обезбеден од буџетот на градот.

Висината на сумата што општините и градските власти ќе ја издвојуваат за закопот на оваа категорија граѓани изнесува 28.874 денари, од кои 11.824 денари за гробно место со бетонски фундамент и 17.050 денари за погребна опрема и за погребни услуги.

– Се работи за строго определена категорија на граѓани и нивната бројка не е поголема од 10 до 15 случаи во текот на една година. Но не важи за другата категорија граѓани што примаат социјална помош и оние што имаат свој брачен другар или друг вид наследници што се должни за спроведување на погребот – појаснуваат од градот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1