Убиецот од Охрид во бегство – полицијата најде еден куп оружје кај негови роднини


Полицијата с` уште трага по охриѓанецот Б.П.(30) кој ги уби сограѓаните Васил Ристески (56) и Ромео Ѓузелкоски (38) во четвртокот во хотел- ресторанот „Император“ во Охрид. Од МВР велат дека немаат нови детали за случајот и дека интензивно трагаат по осомничениот. Не се познати ниту мотивите за двојното убиство, иако се шпекулира дека меѓу Ристески и Б.П., кој наводно неодамна дошол од Холандија каде што издржувал затворска казна, имало претходни недоразбирања.

oh-2Во меѓувреме, полицијата во петокот во домот на С.В.(58) од Охрид, близок роднина на убиецот, пронашла автоматски пиштол „шкорпион“ и 69 куршуми за истиот. Оружјето е предадено за вештачење за да се утврди дали станува збор за истиот пиштол со кој Б.П. ги застрелал убиените. Тој е приведен, а полицијата претходно го уапси и Р.С.(30), кој го возел убиецот пред и по убиството и му помогнал да избега. Полицијата и кај Р.С. пронашла куршуми од различен калибар. И тој имал криминално досие.

Двојното убиство се случило околу 23 часот кога убиецот влегол на летната тераса и почнал расправија со Ѓузелкоски. Осомничениот му удрил неколку тупаници на Ѓузелкоски, по што извадил пиштол и го погодил со еден куршум во рамото. Ранетиот охриѓанец почнал да бега кон рецепцијата, но убиецот го застрелал со уште два куршуми. Тогаш дошол и сопственикот на „Император“, Ристески кој се обидувал да го спаси Ѓузелкоски, но убиецот и него го застрелал со куршум во градите. Веднаш потоа, Б.П. избегал со автомобилот на Р.С., но го напуштил возилото на една од градските улици и заминал во непознат правец.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1