Градот ќе гради уште еден мост преку Вардар во Центар


Владиниот проект „Скопје 2014“ ќе се прошири со уште еден објект – нов пешачки мост што треба да ги спои кејовите „Димитар Влахов“ и „13-ти Ноември“ во централното градско подрачје. Градот Скопје го распиша Конкурсот за архитектонско – урбанистичко идејно решение за нов пешачки мост што ќе го поврзе просторот кај „Дрводекор“ со новиот плоштад „Пресвета Богородица“.mostov1-540x323

Од архитектите се бара во своите решенија да ги почитуваат програмските барања, да обезбедат изводливост и одржливост на решението, да гарантираат инвентивност во пристапот на обликувањето и економичност на решението.

Градската власт планира да додели главна награда од 100.000 денари во нето – износ на најуспешното идејно решение, додека второнаградениот труд ќе се стекне со награда од 70.000 денари. Вредноста на третата награда изнесува 50.000 денари, додека Градот Скопје планира и да откупи два труда за кои е подготвен да одвои по 10.000 денари во нето – износ. Заинтересираните автори и архитектонски бироа треба да ги достават своите трудови најдоцна до 4 јули. Членовите на жири – комисијата што ќе одлучуваат при изборот на архитектонско – урбанистичкото решение не се јавно објавени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1