Градот на светлината тоне во мрак?


Продавниците и деловните згради мора да ги угаснат светлата од еден часот по полноќ, до 7 часот утрото во оквирот на настојување на владата да ги намали трошоците и потрошувачката на енергија.

feu-artifice-trocadero-juillet-2011-cadran-hotel-parisПродавниците и канцелариите во француските градови вклучително и во Париз, мора за време на ноќта да ги изгаснат светлата поради штедење на енергија. Овој предлог на владата на Франција предизвика загриженост за тоа дека градот на светлината би можел да потоне во целосен мрак.
Министерот за екологија Делфин Бато, изјавила дека најрано во јануари ќе биде претставен новиот владин декрет.

Бато изразила надеж дека новите мерки ќе покренат логика на енергетска свесност. Новите мерки нема да бидат применети во случаите кога светлото е неопходно за безбедност, за време на прослави и кај претпријатија кои работат во ноќта.
Поединци особено во Париз, изразуваат загриженост дека новите мерки ќе наштетат на туризмот.
„Не можеме да ја замислиме Ајфеловата кула без светло“, велат дел од граѓаните.
Засега не е познато дали и на националните споменици ќе бидат изгаснати светлата, но кај поедини, во одредени периоди, истите се гасат, вклучително и светлата на Ајфеловата кула.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1