Градски ѕид деноноќно ќе го чуваат чувари


Општина Центар одлучи да постави чуварски служби долж Градски ѕид за да ги спречи се’ почестите девијантни појави. Општинарите деновиве пресметуваат колку чувари ќе им бидат потребни, на колку растојание ќе бидат поставени куќарките, а се утврдуваат и нивните обврски и надлежности.skopje_gradski_zid

„Заклучивме дека само чувари ќе можат да помогнат да се спречат се’ почестите кражби на зеленилото и урбаната опрема, да се запре уништувањето на детските игралишта, испишувањето графити по зградите. Поучени од туѓи искуства заклучивме дека ниту видеонадзор или друга форма на надгледување и обезбедување нема да има ефект како чувари кои ќе бидат на терен 24/7“, објаснува градоначалникот Андреј Жерновски за причината зошто ќе постави чувари долж Градски ѕид.

Општинарите очекуваат идејата да ја реализираат за најмногу два месеца. До тогаш треба да ангажираат чувари, да обезбедат униформи, куќарки. Чуварите ќе можат да ги опоменуваат несовесните граѓани, но не и да поднесуваат пријави и слично. Во случај на прекршување на редот и мирот и на уништување јавно добро, чуварите ќе ги пријавуваат сторителите до надлежните во МВР.

Паралелно со идејата за чуварските служби, од Општина Центар планираат и да ги преуредат и разубават зелените површини, детските игралишта и другите содржини долж Градски ѕид. Жерновски најави дека практично ќе се разубават и последните запуштени делови од овој дел на Центар.

Skopjeinfo.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1